28-29 јуни 2007
Конференцијата на Нато ЕАПС- Охрид 2007- Организација на медиа центарот (најголем и најзначаен настан одржан во Република Македонија)
Над 150 медиумски преставници .
Тимот на Таргет Комуникации беше составен од 12 лица обучени професиналци за сите видови на превод на 4 светски јазици, за работа со медиуми и медимско покривање на интернацинални настани како и ПР консултанти.
Нашата компанија Таргет Комуникации беше пофалена од прес офицерите на Нато присутни во Охрид за одлично и професинално завршена работа.
25-29 Oктомври 2007
Светска конференција за мегурелигиски и мегуцивилизациски дијалог- подржана од УНЕСКО и организирана од Министерството за култура на РМ-Таргет Комуникации ја доби довербата со својот тим да учествува во работата на комлетното функционирање на Медиа центарот
Декември -2007
Таргет Комуникации во Струмица ја организираше првата промоција на светскиот документарен филм награден во САД, -ПЛАНЕРАИУМ од Киро Урдин.( соработка со општина Струмица)
Види фото
18.03.2008 година
Трибина за ИПА инструментот на ЕУ
Таргет Комуникации и Сојузот на Стопански комори на Македонија(Агро-бизнис Комора) ја организираа првата Трибина за ИПАРД програмата за рурален развој . Сите членки на Агробизнис секторот во Македонија имаа можност да се информираат, запознаат и едуцираат за ИПАРД програмата на ЕУ која се однесува на неповратни средства во Агробизнис секторот во Република Македонија.
Компаниите беа запознаени изворно со искуствата на слични програми во Хрватска од преставниците и менаџерот на хрватската консултантска кука ПБИРО.
12. 04.2008 година
Таргет Комуникации е избрана од Туристичката Комора на Македонија како компанија промотор на македонскиот туризам –стратешка цел на комората во која нашата компанија е членка.
За таа цел промотор и ПР косултант на Туристичката Комора и официјално е нашиот менаџер за медиа косалтинг и промоција Г-ѓа Вања Стевковска.
Таргет Комуникации беше избрана од Општина Охрид како компанија која ке ја подготви првата професинална туристичка веб понуда и презентација на ОХРИД. (www.ohrid.com.mk)
20 Март 2008
Таргет Комуникации беше ангажирана од Организацијата на жените од Македонија во Швајцарија (ОЖМ-Ш) во делот на ПР активности и стручна помош во организацијата на настанот кој се одржа пред зградата на Обединетите Нации во Женева, пренесувајќки ја пораката: “Don't You F.Y.R.O.M. Me, Say MACEDONIA”.